ВИДЕО: Стефан од „Некст тајм“ испеа песна на Лозано, а тој му напиша: Добро ти легнала!

Стефан Филиповски од дуото „Некст тајм“ вчеравечер на својот профил на Инстаграм објави видео на кое може да се слушне како пее песна од неговиот добар пријател и колега Влатко Лозаноски – Лозано. Станува збор за песната на српски јазик „Душо варљива“, која Лозано ја има испеано пред скоро 10 години. – Со Ч со Ш со сѐ. Влатко Лозаноски ти си на ред – напиша Стефан како коментар на видеото, на кој за кратко време му одговори и Лозано. – Одлично, со сите нишани. Добро ти легнала! Погледнете го видеото:  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот