ВИДЕО: Стартува „Утрински брифинг“, Сашо Орданоски најави збогатена програма со нови содржини

Бројките кои што ги сумиравме на крајот од првата сезона на „Утрински брифинг“ се импресивни. Имавме еден „притисок “ програмата да трае подолго, така што оваа сезона „Утрински брифинг“ кој се емитува на „Слободна ТВ“ ќе трае три часа.

-Ја збогативме програмата со повеќе рубрики. Покрај спортот, оваа сезона ќе имаме и рубрика која што ќе ги опфаќа „Женските прашања“, тука е и категоријата „Бизнисот никогаш не спие“, културата која секогаш е истисната од македонските медиуми секако ќе биде присутна- вели  уредникот Сашо Орданоски во телефонското јавување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Покрај линковските вклучувања, тука се и новиот тип на онлајн платформи кој што ние ќе го користиме, ја најави втората сезона, Сашо Орданоски, главен и одговорен уредник на „Утрински брифинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот