ВИДЕО: „Старата дама“ влезе во ритам, Сасуоло последна жртва

Договорот на Роналдо до Јувентус не може да се пронајде во архивите на „старата дама“/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Екипата на Јувентус има максимален ефект во 2021 година, вечерва против Сасуоло ја остварија и третата победа во третиот натпревар годинава.

„Старата дама“ со 3:1 го совлада Сасуоло и се наоѓа начетвртата позиција на табелата со 33 бода, седум помалку од лидерот Милан.

Сите голови паднаа во второто полувреме, а гол серијата ја отвори Данило со голот во 50. минута. Осум минути подоцна Сасуоло преку Дефрел израмни, но не успеа да го издржи притисокот од домашните фудбалери.
Арон Рамзи во 82. минута зголеми на 2:1, а конечниот резултат го постави Кристијано Роналдо во втората минута од судиското продолжение.

Наредниот натпревар во Серија А за Јувентус ќе претставува вистински предизвик бидејќи му гостуваат на Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот