8 C
Скопје

ВИДЕО: „Старата дама“ ја продолжи шампионската трка со миланските ривали!

Нов триумф сезонава за актуелниот шампион Јувентус, вечерва во Торино во рамките од 25 коло на италијанскиот шампионат со 3:0 ја совлада Специја.

Сите погодоци беа реализирани во второто полувреме, гол-серијата ја започна Мората во 61 минута кога асистираше Бернардески. Интересно овие двајца играчи учествуваа само една минута после нивното влегување на теренот како замени.

Потоа, во 71 минута беше зголемена предноста благодарение на Киеза, а конечниот епилог го постави Роналдо (89`).

На табелата „Старата дама“ е на третата позиција со 49 бодови, зад водечките Интер (56) и Милан (52), а Специја ја продолжува борбата за опстанок и моментно е на 16 место со 25 бодови.

Претходно поради позитивни случаи на ковид-19, беше одложен мечот помеѓу Лацио и Торино.

Прочитајте и...  Бекам и Кантона: Фудбалот е во опасност, не ги прашаа навивачите!

Поврзани вести

Дефинитино е крај, сите англиски екипи излегуваат од Суперлигата

Слободен печат

Хаос во Ливерпул: Спонзорот си замина, капитенот ја нападна управата поради Суперлигата

Слободен печат

Квалификации за СП: Црногорките ќе играат на ракометниот Мундијал

Слободен печат

ЕХФ Лига на Европа: Познати сите учесници на фајнал-фор

Слободен печат

Завршен состанокот на екипите основачи на Суперлигата, засега само Сити официјално се откажа

Слободен печат

ВИДЕО: Шалке испадна од Бундеслигата по точно 30 години

Слободен печат

Остави Коментар