ВИДЕО | Станковиќ од „Хај тек“: Во економската криза и претприемачите имаат одговорност

Првата работа е едукацијата. Јас сум по вокација електро-инженер и на пазарите настапуваме со знаење поткрепени со традиција од повеќе од 40 години и концепт на постојано инвестирање и држење контакт со светските пазари. Ние немаме никаков пазар во Македонија, соработуваме или работиме за 885 компании насекаде во светот. Инвестираме многу. Не застанавме во овие 40 години, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Саво Станковиќ, сопственик на „Хај тек“.

-Нашата индистрија е таква што мора постојано да се инвестрира и да се биде во дослух што она што ќе биде утре. Електорниката е авангарда во светот. Втората важна работа е што инвестирам е во кадар. Тука се носиме со компаниите кои размислуваат долгорочно. Земаме ученици, завршени студенти инженери и од нив правиме инженери кои можат да се носат со светските предизвици. Затоа и денеска и нашите инженери се барани да работат на најсуптилни проекти – од воената, медицинската, автомобилската, телекомуникациската индустрија- вели Саво Станковиќ, сопственик на „Хај тек“.

-Ние сме специфична компанија. Не работиме масовно производство. Работиме на прототипи, први серии. Кога компаниите како Сименс, Бош, Ауди, Мерцедес итн, би престанале да експериментираат, значи да развиваат нови производи тогаш би се случила темница на светот, вели Станковиќ.

-Постојано треба да мислиме на државата, бидејќи во пустина никој неможе да опстане. Значи ако ја опустошиме државата еден ден и ние самите нема да можеме да живееме тука. Ако сакаме да мислиме на Македонија и на постојаноста во неа тогаш мора да мислиме долгорочно. Државата е таа која што ќе створи амбиент за работа, но не е државата која што треба на нас работите да ни ги направи подобри, туку таа прави еден општ амбиент. Сите ние треба да се преиспитаме и што даваме на државата, што правиме со компанијата и со себе. Во ситуација сме која што не е баш поволна и битно колку и како сами сте ја подготвиле компанија за вакви моменти, какви се вашите биланси, вашите резервни капитали, колку инвестирате или реинвестирате од тоа што ќе го направите како добивка и дали сте толку сигурни дека и идната година ќе биде сончево затоа што и оваа било. Значи треба да си ги пуштиме нозете колку што е чергата. Ние не мислиме за нашите деца и внуци. Ако тоа го правиме и ако гледаме како нашите предци го одбраниле стекнатиот имот со штедење и со макотрпна работа, нема да имаме големи проблеми. Кризите се неминовна работа, изјави во „Утрински брифинг“ кој се емитува на „Слободна ТВ“ Станковиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот