ВИДЕО: Српските баскетџии четврти пат по ред се европски шампиони

Србија е актуелен европски и светски шампион во баскет 3x3/фото: kss.rs

Репрезентацијата на Србија во баскет 3×3 ја одбрани европската титула откако во финалето во австрискиот Грац со 21:14 триумфираше над Летонија.

За српската селекција играа Дејан Мајсторовиќ, Страхиња Стојачиќ, Михаило Васиќ и Марко Бранковиќ.

Србија четврти пат по ред станува најдобар на Стариот континент, во историјата на ова натпреварување во машка конкуренција по еден трофеј имаат Романија, Словенија и Летонија.

Во борбата за третото место триумфираше Холандија со резултат 21:10 против селекцијата на Литванија.

Потсетување дека Србија е и актуелен светски шампион во баскет 3×3. Кај жените на ЕП во Грац златниот медал го освои Франција која со 21:14 беше подобра од Холандија, а третопласирана е Полска откако забележа победа над Шпанија со 16:13.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот