ВИДЕО | Среќата е во малите нешта: Терапевтско куче ги воодушеви сите со својата радосна игра на дождот

Фото: Инстаграм

Кучињата од расата златен ретривер се познати со својата неверојатна прецизност при пливањето. Едноставно, тие обожаваат вода!

Терапевтското куче Вискерс не се разликува многу од останатите припадници на неговата раса. Неговите сопственици велат дека тој многу често сака да си игра додека надвор врне дожд.

Тие неодамна споделија снимка на која Вискерс е неверојатно среќен додека трча и скока на кровот од нивната зграда, обидувајќи се да ја фати секоја капка дожд.

Снимката, која е објавена на социјалната мрежа Инстаграм, веќе име повеќе од четири милиони прегледи и многу позитивни коментари од луѓето кои се воодушевени од преслаткиот Вискерс.

Дефинитивно, кучињата сѐ почесто нѐ потсетуваат дека треба да им се радуваме на малите нешта во животот.

Сакате да го подобрите расположение и изгледот? Вдомете куче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот