ВИДЕО: Средношколците со меморандум од шест точки со барања за идните градоначалници

Лука Павиќевиќ, Сојуз на средношколци / Утрински брифинг

Уште два дена кампања пред вториот круг од локалните избори за време на кои кандидатите за градоначалници се во трка по довербата од гласачите.

Сепак на граѓаните не им се потребни само ветувања тие имаат и конкретни очекувања од идните градски татковци. Бараат решавање на нивните реални проблеми.

Едно вакво барање до кандидатите за градоначалник на Град Скопје упатија и средношколците. Тие организирани во Сојузот на средношколци преку меморандум од шест точки побараа идните градоначалници да се заложат за бесплатен јавен превоз за сите нив во текот на целата година.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со претседателот на Сојузот на средношколци Лука Павиќевиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот