
ВИДЕО: Средношколците ги повикаа студентите на заеднички протест пред МОН во петок
Oрганизацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) сообјава на Фејсбук најавија дека во петок (17 март) од 12:30 часот ќе организираат протест пред Министерството за образование и наука (МОН).
Препорачано
Според нив, учениците немаат доволно време за да се спремат за државната матура, па бараат од надлежните да објават што да се учи, кој материјал е скратен, за да може навреме да се спремат.
Тие ги поканија и студентите да им се придружат на протестот пред МОН и заедно да алармираат за подобрување на средношколскиот и студентскиот стандард, зошто нагласуваат и „ние ќе бидеме утре студенти“ и да бидеме „во чекор со генерацијата“.
Од МОН денеска објавија дека се исплатени средствата по основ на ученички и студентски стипендии на новите и постојните корисници. Учениците кои го оствариле ова право во учебната 2022-2023 година, на своите сметки добија седум месечни стипендии, додека на студентите им се префрлени шест месечни стипендии. На постојните корисници исплатени им се средствата за февруари и март, а тековно е исплатен и студентскиот оброк, соопшти МОН.
Вчера студентската организација Студентски отпор најави протестен марш и секојдневна блокада на сите булевари во Скопје зошто Министерството за образование и наука „не исполнило ништо од ветеното и не ги почитува самопоставените рокови“.
„Слободен печат“ анкетираше неколку студенти од Студентскиот дом Гоце Делчев кои не го исклучија евентуалното излегување на протест поради неисполнетите ветувања за подобрување на студентскиот стандард. отсуството на дигитализација во образовниот процес и бавното реновирање на студентските домови и мензи.