ВИДЕО: Среде бел ден се обидел да киднапира дете, полицијата веднаш го уапсила

Маж се обидел да киднапира девојче во Њујорк / Фото: Скриншот, Твитер

Маж се обидел да киднапира малечко девојче среде бел ден на улиците на Бронкс во Њујорк, а на социјалните мрежи беше објавено шокантно видео од случката.

Девојчето (3) билo придружуванo од нејзината баба во моментот на киднапирањето, која, покрај девојчето, се шетала со уште две внучиња

Еден човек завиткан во ќебе им пришол и го земал детето со двете раце. Бабата почнала да трча по човекот, кој почнал да бега со девојчето во неговите раце. За среќа, случајни минувачи го фатиле мажот и го спасиле девојчето.  

Шокантна снимка  

Човекот првично побегнал, но Си-Би-Ес дозна дека полицијата подоцна го нашла како спие на вратата на блиска продавница и го препознала од снимката. Обидот за киднапирање се случил во понеделникот околу 13.15 часот по локално време.

Очевидец, кој работел на блиската бензинска пумпа, рекол дека го чистел тротоарот кога се случил инцидентот. Тој бил меѓу оние што фатиле човекот и го спасиле малото девојче.

– Неколку луѓе трчаа по него, по што тој го пушти девојчето. Да не бевме ние, којзнае што ќе се случеше. Лудо е. Тој излезе од никаде. Не сум премногу сигурен што планираше да направи, но носи ќебе – или е бездомник, или бара дете, рече Фермин Брацеро. 

Сведок интервјуиран од Си-Би-Ес рече дека бабата била, разбирливо, во шок, но за среќа, полицијата известила дека девојчето не е повредено. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот