ВИДЕО: Србија успешна на патот кон СП, Митровиќ е херојот во Баку!

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Денеска продолжија натпреварите од квалификациите за Светското првенство, репрезентацијата на Србија во својот трет меч ја забележа и втората победа откако со 1:2 триумфираше над Азербејџан.

После првото полувреме на Олимпискиот Стадион во Баку водеа Србите со голот на Митровиќ во 16 минута од средбата. Домаќините успеаја да израмнат од пенал во 59 минута, сигурен од белата точка беше Махмудов.

Конечниот епилог беше поставен во 81 минута, Митровиќ го постигна и вториот гол после асистенцијата на Милинковиќ-Савиќ.

На табелата во квалификациската гурпа „А“ моментно играчите на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси се на првото место со седум бодови.

Да додадеме уште дека Кипар во рамките од квалификациската група „Х“ направи изненадување совладувајќи ја Словенија (1:0) со погодокот на Питас во 42 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот