ВИДЕО: Србија доби ковид тестови за домашна употреба: Не се многу скапи ама потребно е медицинско знаење за нивна примена

Во Србија пристигнаа тестови за ковид-19 за домашна употреба. Цената за еден тест изнесува околу 11 евра и може да се купат во аптека. 

Но, сепак и покрај тоа што не се многу скапи, фармацевтите предупредуваат дека е потребно медицинско знаење за нивна примена.

Директорката на аптеката „Белград“ во интервју за РТС Јасминка Бјелетиќ, објасни како се користи домашниот тест.

– Знаеме дека не сите имаме доволно здравствено образование и дека може се случат грешки во користењето. Затоа тестовите не треба да се користат самоиницијативно – рече Бјелетиќ.

Таа кажа дека треба да се внимава иако тестовите навидум изгледаат многу едноставни за употреба. Фармацевтката нагласи дека посебно треба да се внимава кога се земаат примероци од носот.

– Со стапчето кој е стерилно, потребно е да се оди длабоко до коренот на носот, што е можно подлабоко, не смее да има грешка за да не се оди понатаму до потребното ниво и нежно да се извлече содржината од носот, со нежни движења. Кога содржината ќе се извлече, стапчето се потопува во веќе подготвената хемикалија и потоа се притиска пет пати, така што содржината и оние антигени што се присутни внатре на крајот се исцедат во шишето – објасни Бјелетиќ.

Таа посочи дека ако домашниот тест е позитивен, тој е секако позитивен, како и тестовите што се прават во лабораториите.

„Ако тестот е негативен, не мора да значи дека 100 проценти е негативен, имајќи предвид дека тестот можеби е земен од пациентот малку порано, пред да се појави антигенот што го откриваме“, заклучи Бјелетиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот