ВИДЕО: Сплит поплавен, големи врнежи во Хрватска

Сплит Поплави
Поплави во Сплит/ Фото Screenshot Youtube, Index.hr

Силен дожд утрово паѓа во Хрватска, а многу улици во центарот на Сплит се поплавени, пишува Индекс.хр.

„На места има магла, а можни се и одрони, особено на Јадранската магистрала (DC8) и патиштата во планините. Ги предупредуваме возачите да не тргнуваат на пат без пропишаната зимска опрема“, соопшти ХАК.

Поради водата на патот затворени се локалните патишта во месноста Вргорац.

Според прогнозата на метеоролозите, во Хрватска попладне и навечер се прогнозира снег.

Видео на денот