ВИДЕО: Сплит под вода, поплавите го блокираа градот

Силниот дожд кој од утринава паѓа во Сплит и дури делови во Хрватска ги поплави улиците. Пожарникарите се обидуваат со пумпи од подрумите и приземните станови во голем број објекти да ја испумпуваат водата.

Во текот на денот, најмногу во јужниот дел на вториот по големина град во Хрватска имало околу 20 за испумпување вода, соопшти Сплитскиот оперативен центар.

Во последните 24 часа во Сплит и околината наврнале дури 120 литри дожд на метар квадратен, што е повеќе од просекот за целиот декември, соопшти хрватскиот Државен хидрометеоролошки институт.

Блокиран е и морскиот сообраќај поради силниот ветер што создава бранови високи и до три метри на некои места. Веќе два дена сите линии на катамарани што го поврзуваат Сплит со централните далматински острови се прекинати.

– Сите служби се на терен и помагаат во санација на штетата предизвикана од енормното количество на дожд што паѓа од утрово во Сплит и околината. Ги молиме граѓаните да бидат внимателни и трпеливи, посебно во сообраќајот, се наведува во соопштението на градските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот