ВИДЕО | „Спилберег ми кажа“: Астрофизичар ја откри долгочуваната тајна за вонземјанинот Е.Т.

Е.Т. и Нил Деграс Тајсон
Е.Т. и Нил Деграс Тајсон / Фото:  Cineliz / Allpix Press / Profimedia / EPA/PETER FOLEY

Астрофизичарот Нил Деграс Тајсон неодамна гостуваше во емисијата на Стивен Колбер и сподели речиси непознат факт – вонземјанинот Е.Т. не е животно, туку е „чувствително и свесно растение“.

„Патем, дали знаевте дека Е.Т. е свесно растение, а не животно?“, праша астрофизичарот.

„Чекај, Е.Т. е растение?“, изреагира водителот, истакнувајќи дека пријателскиот вонземјанин „има срце“.

„Да, му дадоа срце само за да можеш да се идентификуваш со него. Но, тоа беше растение“, му одговори Деграс Тајсон.

Фото:  Cineliz / Allpix Press / Profimedia

Според познатиот астрофизичар, оваа информација ја добил од прилично сигурен извор.

„Како знаеш дека е растение?“ го праша Колбер.

„Се сеќавате дека Е.Т. можеше да допира растенија и тие повторно да пораснат? Па, тоа не е случајно“, објасни Деграс Тајсон.

Понатаму, астрофизичарот откри дека самиот режисер Стивен Спилберг го посетил во неговата канцеларија и му споделил дека Е.Т. е, всушност, растение. Дали е шега или не, проценете сами.

Имено, тоа што го поттикна разговорот за Е.Т. беше долгиот и живописен говор на Деграс Тајсон за можноста дека постојат вонземјани кои се „чувствителни и свесни растенија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот