ВИДЕО | Спектакуларно дерби „вечните ривали“, Звезда до победа со тројка на две секунди пред крајот

Фото: KK Crvena zvezda mts/Twitter

Фантастичен натпревар одиграа Партизан и Црвена Звезда во рамките од Евролигата. Дербито на вечните ривали беше решено во корист на црвено-белите со тројка во последните моменти.

На само две секунди пред крајот Недовиќ постигна тројка со која ја обезбеди победата. Претходно, Партизан одлично го започна натпреварот добивајќи ја првата четвртина со 20:11. Звезда возврати и се играше израмнето се до последните секунди.

Партизан имаше напад за победа во последните 20 секунди, но во двоен напад Јам Мадар промаши шут за три поени, а по него и Квин Пантер не реализираше. Во последниот напад на две секунди до крајот Недовиќ шутираше за три и ја донесе победата за Звезда од 73:76.

Недовиќ беше и најефикасниот на натпреварот со 20 поени, а Лука Вилдоса додаде 14 поени. Во редовите на Партизан најефикасен бше Кевин Пантер со 15, 14 додаде Јам Мадар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот