ВИДЕО: Спектакуларен натпревар, осум гола, пресврти и триумф на Шпанија

epa09308947 Spain's Mikel Oyarzabal, right, celebrates scoring his teams fifth goal during the UEFA EURO 2020 round of 16 soccer match between Croatia and Spain in Copenhagen, Denmark, 28 June 2021. EPA-EFE/MADS CLAUS RASMUSSEN DENMARK OUT

Во спектакуларен натпревар и 120 минути игра, селекцијата на Шпанија успеа да се созеде од шоковите поради најбизарниот автогол во историјата на Европските првенства, но и од двата гола во завршницата на натпреварот, и на крајот да обезбеди пласман во четвртфиналето. „Фуријата“ славеше со 5:3 над Хрватска во најдобриот натпревар досега на ЕП.

Шпанците натпреварот го започнаа во препознатлив стил, ја контролираа топката, но први кои се радуваа беа Хрватите и тоа по заслуга на самата „црвена фурија“. Имено, во 20. минута Педри од половина терен кон сопствениот голман Унаи Симон кој несмасно реагираше и Шпанците си го постигнаа најбизарниот автогол во историјата на Европските првенства.
Сепак, Шпанците брзо се созедоа по шокот и во 38 минута преку Сарабија дојдоа до израмнување.

Во второто полувреме, Азпиликуета и Феран Торес погодија за 3:1 за Шпанија и кога сите помислија дека натпреварот е готов и „фуријата“ ќе игра во четвртфиналето, се разбудија Хрватите.
Прво Мислав Оршиќ во 85 минута намали на 3:2, а во втората минута од судиското продолжение Марио Пашалиќ донесе израмнување и го однесе натпреварот во продолженијата.
Во дополнителното време, Хрватска имаше две одлични шанси преку Оршиќ и Крамариќ кои не ги искористија по што ги стигна казната. Прво Мората во 100 минута погоди за 4:3, а три минути подоцна Ојарзабал го постави конечниот резултат и ја однесе Шпанија во четвртфиналето.
Противник на Шпанците во четвртфиналето ќе биде подобриот од вечерашниот дуел помеѓу Франција и Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот