ВИДЕО: Специјалците од Сплит во лов на манијак кој утрово нападна две жени – со шише и со камен

Фото: Screenshot/YouTube

Сплитската јавност е згрозена од физичките напади врз две жени, извршени од страна на маж кој подоцна е идентификуван и по него трага полицијата.

Првиот напад кој е снимен од безбедносните камери се случил околу 7 часот утрото, кога несреќната жена требало да го отвори угостителскиот објект.

-Човекот ја замоли за чаша вода, почна да ја навредува и ја удри со шише по глава. Откако падна, почна да ја удира со раце и нозе на скалите, рече вознемирениот сопруг за Далмација данас.

Сплитската полицијата потврди дека во период од половина час се случиле два напади врз жени од страна на истиот напаѓач.

-Утрово околу 7.15 часот е примена дојава дека непознато лице физички ја нападнало вработената во угостителски објект на плажата Фируле, по што побегнал. Утврдено е дека оштетената се здобила со полесни телесни повреди. Околу 7.45 часот примена е дојава дека на улицата А.Б. Шимиќ во Сплит машко лице физички нападнало женско лице при влез во зграда, при што оштетената се здобила со тешка телесна повреда на ногата, објави полицијата.

Полицијата соопшти и дека осомничениот е идентификуван и интензивно се трага по него.

Во врска со вториот напад, врз 40-годишната Кристина У. додека влегувала во зграда, полицијата пронајде плоснат камен кој го употребил за нападот врз несреќната жена која поради тоа се здобила со тешка повреда на ногата.

Напаѓачот, е 28-годишниот А.Н. од Глина, но не е уапсен, тврди Слободна Далмација и наведува дека бил лоциран како бега во правец на Срињин, а по него трагаат специјалци.

Во неговото досие се наведени неколку претходни кривични дела како кражби, разбојништва, присили, недозволено држење оружје и провали. За него е распишана најнова потерница од Полициската управа на Загреб, со директна наредба да се апси.

Во потрагата по него полицијата вклучи и кучиња трагачи и дрон, и само прашање е на време кога ќе биде уапсен, објави Слободна Далмација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот