ВИДЕО: Спасувачки брод со 422 мигранти меѓу кои има и позитивни на ковид-19 се закотви на пристаниште во Сицилија

Хуманитарниот брод „Океански Викинг“ (Ocean Viking) со 422 мигранти доби дозвола да се закотви на сицилијанското пристаниште и да се симне од мигрантите спасени покрај либискиот брег, соопшти денеска организацијата СОС Медитеран.

Невладината организација со седиште во Марсеј изјави дека бродот добил дозвола бидејќи временските услови во Средоземното море се влошиле.

Организацијата додаде дека меѓу мигрантите има и заразени со вирусот корона, бремени жени, деца и малолетници без придружба.

Бродот „Океански Викинг“ на 11 јануари повторно тргна од Марсеј за да ги спаси мигрантите во Средоземното Море.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот