ВИДЕО | Спасовски: Ќе правиме увид ако имаме сознанија, кривично дело е издавање викенд куќи на групи на луѓе

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција упати порака до издавачите на викенд куќи – да не ги издаваат своите објекти за новогодишната ноќ, затоа што ќе следат санкции.

-Овие мерки никој не ги посакува, но се неизбежни во овој период. Треба самите да си помогнеме. Нема забрана за издавање на викенд куќи за семејства. Но кривично дело е издавање викендици на групи на луѓе. Превентивно реагираме на издавачите на викенд куќите- рече Спасовски.

Ќе има засилени контроли, потенцираше тој.

-За полицијата ќе има многу работа, но здравјето на граѓаните е врвен приоритет и ќе се прави увид и во викендиците и ќе следуваат казни. Сериозна одговорност е издавањето на вилите- истакна Спасовски.

Таму каде што ќе имаме сознанија дека има групирање на лица во издадени викенд куќи, ќе се направи увид и ќе се поднесат соодветни пријави, ова е кривично дело, потенцираше Спасовски.

Од утре, 18 декември, до 20 јануари, сите угостителски објекти наместо до 21 часот ќе работат до 18 часот. Се забранува организирање на предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор, од страна на општините, работните организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот