ВИДЕО: Спасени тројца Кубанци по 33 дена поминати на напуштен остров, преживеале со кокосови ореви

Фото: Screenshot/Twitter

Американската крајбрежна стража спаси тројца Кубанци од напуштен остров на Бахамите, каде што тие живееја 33 дена и се хранеа со кокосови ореви, објави агенцијата.

„Беше неверојатно. Не знам како тие тоа го направија, беше прекрасно бидејќи беа во добра состојба“, изјави Џаситн Догерти за Си-Ен-Ен.

Во рутинска патрола во понедлникот авионот на Американската крајбрежна стража виделе двајца мажи и жена како мавтаат со алтернативни знамиња на Ангуила Кеј, сместен во ланецот острови Флорида и Куба. Крајбрежната стража им спуштила радио, храна и вода во понеделникот, а ги спасила од островот во вторникот.

Кубанскиот брод се преврте пред пет недели и тројцата како што и кажале на крајбрежната стража пливале до островот.

Тројцата спасени немале сериозни повреди, но биле однесени до локалниот медицински центар за да бидат проверени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот