ВИДЕО: Спасен млад кит кој заталкал во водите на реката Темза

Instagram
принтскрин инстаграм+јутјуб

Спасувачките екипи ослободиле млад кит кој пливал стотици милји пред да заглави во реката Темза во Лондон. Китот набргу бил спасен благодарение на брзата интервенција на спасувачките екипи.

Младиот кит вчера се појавил во реката Темза во западниот дел на Лондон. Тој не можел да го најде патот назад кон морето, затоа што се заглавил во близина на мостот „Ричмонд“, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Стотици луѓе се собрале да го видат китот долг од три до четири метри. Китот на моменти изгледал безживотно, на голема среќа сепак преживеал. Спасувачите полека и внимателно успеале да го ослободат и со помош на „гумен чамец“ го извлекле, овозможувајќи му слободно да плива.

Експертите утврдиле дека китот не бил во добра состојба бидејќи бил неухранет, а оштетувањето на перките било забележано откако се нашол во реката во безнадежна ситуација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Krishna Mistry (@mysteriousk)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот