ВИДЕО: Спалети дојде до клупата на Спартак и не знаеше кој е главниот тренер

фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Фудбалерите на Наполи во четвртокот беа поразени на домашен терен од Спартак Москва во натпреварот од второто коло во Лига Европа.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас уште во првата минута им донесе водство на „наполитанците“, но овој гол не беше доволен за прв триумф сезонава во ова натпреварување.

По завршувањето на мечот во центарот на вниманието се најде тренерот на домаќините, Лучано Спалети кој во намерата да се поздрави не знаеше кој е главниот тренер на рускиот клуб.

Не беше сигурен дека на кој треба да му пружи рака, кога дојде до клупата на противникот праша кој е тренерот, по што му е кажано дека тоа е Руи Виторија.

Оваа комична сцена можете да ја погледнете на видео записот ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот