ВИДЕО | Совршено средство за чистење на фрижидерот: Прегледано над осумдесет илјади пати на „ТикТок“

Фрижидер
Фото: Unsplash

Фрижидерот многу брзо ги прима сите непријатни мириси од застоената храна, особено во летниот период. Доколку сакате брзо и ефикасно да ги отстраните, пробајте го рецептот за домашен спреј кој стана супер популарен на социјалната мрежа „ТикТок“.

Шантел Мила од Мелбурн создаде решение за чистење на домашниот фрижидер користејќи состојки кои најверојатно веќе ги имате во домот.

Нејзиното домашно средство за чистење содржи оцет и екстракт од ванила.

@mama_mila_The DIY fridge spray you wish you tried sooner 🌿 #diy #kitchenhacks #fridgerestock♬ Something Got Between Us – The Jungle Giants


За да го направите ова моќно средство, ќе ви биде потребна една чаша топла вода, една четвртина чаша бел оцет и две лажички екстракт од ванила. Оцетот е природно средство за дезинфекција, кое е познато по своите антибактериски својства.

За да се отстранат непријатните мириси кои демнат во фрижидерот, Шантел додала и неколку капки екстракт од ванила, а притоа слободно можете да го замените екстрактот од ванила со вашето омилено есенцијално масло.

Нејзиното видео е прегледано повеќе од 80.000 пати, а многумина го опишуваат нејзиниот домашен спреј за фрижидер како „генијален“, „неверојатен“ и „корисен“.

Видео на денот