ВИДЕО | Сотировски: Сите забрани во религијата не се повисоки од животот на луѓето – вакцинацијата е нужна и треба да ја прифатат сите

Верските заедници најдобро знаат колку се контактирани и колкава е потребата на верниците. Сите истражувања кои ги правиме е дека државата се одликува со население кое е верски определено и тоа во висок процент во споредба со другите држави во регионот. Оттука и претпоставувам дека на кризата граѓаните што се верски определени и приоѓаат на одереден верски оправдан начин и можеби си наоѓаат утеха во тие духовни советувања, со цел полесно да ја пребродат, изјави во Утрински брифинг директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Даријан Сотировски.

Оваа криза има многу аспекти, таа е здравствена, економска, но и сигурно има реперкусии врз психата на луѓето а тоа влија и на телесното здравје и затоа многу е важно човекот да излезе од оваа криза во една психофизичка благосостојба после ова. Мислам дека како се ближи кон крајот на истата овие прашања ќе бидат релевантни за понатамошен приод, вели Сотировски.

Кризата трае веќе долго време. Во почетоците можеби можевме на некој начин да ја оправдаме неспремноста кај различни општествени чинители. Ова беше еден голем проблем кој дотогаш го немавме сретнатно. Но сега, имајќи го целото искуство, дури и оваа состојба на благ пад на заболени, починати, хоспитализирани, треба да ја сфатиме со зголемена доза на сериозност. Не треба да губиме трпение и д абидеме посветени кон почитување н амерките, бидејќи во пресрет на имунизацијата многу е важно за дрќавата да има стабилна епидемиолошка состојба. Оттука мислам дека и верските и новогодишните празници треба да бидат на лична одоговрност, да се празнува во кругот на семејството и да не се доведеме до ситуација собирањата на луѓето да ни направат нови кластери и да имаме проблем кога ќе почне вакцинацијата. Дали разоговраме со верските заедници – да, постојано во рамките на препораките од Владата. Јас сум задоволен од конструктивниот однос на поглаварите и верските заедници во целост. Во пресрет на Божиќ и Водици како два масовни носечки собири на граѓани, имаме одлуки на Синодот да не се случат Бадниковите поворки и да не се случат собирите за Водици, што е добра појдовна точка за контролирање на овие масовни собири, но сметам дека треба да одиме чекор понатаму и да апелираме на личната свесност, додава Сотировски.

Целиот разговор со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот