ВИДЕО | Сопственикот на кафеаната Дебар Маало: Инспекцијата не нѐ промашува, снимката од прославата не е од 8 март

По објавената снимка на социјалните мрежи и изјавата на Државниот пазарен инспекторат за прослава со турбо фолк музика и гужва во време на пандемија, реагираше и Златко Васовски, сопственикот на кафеаната Дебар Маало во Скопје, која на социјалните мрежи беше посоченa како местото, во кое, наводно вчера се славело 8 март без почитување на мерките за заштита од ковид-19. Васовски во телефонски разговор за МКД.мк вели дека се работи за стара снимка и дека постојано има инспекција која не ги промашува овие кафеани.

„Снимката е во мојата кафеана, но е стара и не е од вчера. Не можам точно да се сетам од кога е, можеби пред Нова Година некаде или порано. Ние живееме во пандемија веќе една година и на тој начин и работиме. Од мојот локал плата земаат 40 фамилии и никогаш не би си дозволил инспекција да ми го затвори местото поради прослава спротивна на препораките дадени од Владата”, вели Васовски.

Тој додава дека инспекторите под будно око го следат работењето на кафеаните во Дебар Маало и невозможно е да не се почитуваат мерките.

„Верувајте дека инспекцијата е постојано на терен и не не промашуваат. Во кафаната од 400 места сега сум редуциран на 200. Ако вака продолжи состојбава не знам како и ние ќе продолжиме, но сепак мерките мора и треба да се почитуваат. Сите живееме во време на пандемија и мора на тој начин и да работиме, ни се допаѓало тоа или не. Сите трпиме загуби, а ние угостителите се чини дека најмногу, но тоа не значи дека треба да загрозуваме свое и здравјето на граѓаните. Мерките секогаш ги почитуваме”, дополнува Васовски.

На социјалните мрежи денес се појави снимка од прослава, а за неа изјава побаравме и од Државниот пазарен инспекторат од каде исто така демантираа дека вчера имало таква прослава во Дебар Маало во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот