Фото: „Икс“

ВИДЕО: Сообраќајна несреќа во воздух во Кина – се судрија летечки автомобили

Летечки автомобили од кинескиот производител на електрични возила „Кспенг“ се судрија во воздух за време на пробен лет на аеромитинг во градот Чангчун, повторно отворајќи прашања за безбедноста на технологијата, пренесе „Блумберг“.

Според „Кспенг Аерохт“, стартап компанија која стана подружница на „Кспенг“ во 2020 година, едно од таканаречените „електрични возила за вертикално полетување и слетување“ (ЕВТОЛ) по судирот се запалило при слетувањето, додека другото успеало безбедно да слета.

На снимка објавена на социјалните мрежи се гледаат повеќе противпожарни камиони како итаат кон местото на несреќата.

Според кинеските власти, никој не бил повреден во инцидентот.

Кина долго време промовира визија за таканаречената „економија на ниска надморска височина“, што би ѝ користело на индустријата ЕВТОЛ и би го поттикнало масовното усвојување на летечките автомобили. Сепак, остануваат прашањата за безбедноста и сигурноста на летачките возила што треба да превезуваат луѓе на кратки растојанија, а се предвидува дека многу од нив ќе бидат без пилоти, пишува „Блумберг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот