ВИДЕО | Сообраќаен хаос во Скопје: Жена не може да стигне на погребот на татко ѝ

Денес скопјани се соочија со невиден сообраќаен хаос поради пречекот на косовската делегација / Фото: Скриншот

Жена не може да стигне на погреб кај татко ѝ затоа што се блокирани улиците во Скопје, објави порталот ЗаСе.мк.

– Чекам 20 минути, никој не сака да ми направи простор за да поминам. Сите полицајци ми велат „чекајте две минути“. Јас само ги замолувам да ми направат простор автомобилите, да се ослободам и да си одам на погреб кај татко ми. Баш ми е гајле кој поминува, низ солзи вели таа.

Имено, денес скопјани се соочија со невиден сообраќаен хаос поради пречекот на косовската делегација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот