ВИДЕО: „Сонцата“ посилни од Денвер и Јокиќ, Феникс дојде и до втората победа

Девин Букер /Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Кошаркарите на Феникс санс поведоа со 2:0 во победи против Денвер нагетс во полуфиналето во Западната конференција, откако во вториот меч славеа со 123:98. Новиот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ беше најефикасен на натпреварот со 24 поени и 13 скокови.
Добрата игра на Јокиќ сепак не спречи нов убедлив пораз на неговиот Денвер кој сега се наоѓа во незавидна позиција пред серијата да се пресели во Колорадо.

Предводени од Крис Пол кој имаше 17 поени и 15 асистенции, „сонцата“ го контролираа резултатот уште од првата минута. До полувреме, Феникс имаше двоцифрена предност (52:42) за во третата четвртина да ги решат сите дилеми правејќи предност од 22 поени (86:64). Покрај Пол, добра партија прикажаа и Девин Букер со 18 поени и 10 скокови, Микал Бриџис со 16 поени и Деандре Ејтон со 15 поени и 10 скокови. Во тимот на Денвер, освен Јокиќ, единствени кои дадоа двоцифре број на поени дадоа уште и Пол Милсап и Мајкл Портер по 11 и Вил Бартон 10 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот