12 C
Скопје

ВИДЕО: Солскјер конечно го победи Клоп, Фернандеш го исфрлли Ливерпул од ФА купот

Манчестер јунајтед го совлада Ливерпул со 3:2 на „Олд трафорд“ во најголемото англиско дерби и се пласира во осминафиналето во ФА купот.
Ова воедно беше прва победа на Јунајтед и менаџерот Оле Гунар Солскјер над Ливерпул од март 2018 година.

Човек на одлука беше Португалецот Бруно Фернандеш кој одлучувачкиот гол го постигна од слободен удар во 78. минута.


 Резултатот го отвори Мохамед Салах со голот во 18. минута, но само осум минути подоцна, по одлична асистенција на Маркус Рашфорд, Мејсон Гринвуд успеа да израмни.
Јунајтед до крајот на првото полувреме можеше да направи пресврт, но Алисон ја прозре намерата на Лук Шо, додека шутот на Пол Погба завршо покрај десната статива.
Тоа што не им успеа во финишот од првиот дел, „црвените ѓаволи“ го направија на стартот на вториот дел, Рашфорд во 48. минута го совлада Алисон.
Ливерпул не се предаде и во 58. минута благодарение на Салах дојде до израмнување, по што Фернандеш во 72. минута го постави конечниот резултат.
Следен противник на Манчестер јунајтед во осминафиналето на ФА купот ќе биде Вест Хем.
Претходно Челси ја оправда улогата на фаворит и со 3:1 го совлада Лутон.

Прочитајте и...  Фудбалот се враќа „дома“, Англија домаќин и на ЕП и на СП?

Поврзани вести

Германија не им попушта на фудбалерите, Ливерпул и Лајпциг ќе играат во Будимпешта

Слободен печат

Нов милионер во Sport Life – Мајсторија во Тетово со пет пара на тикет

СП.

„Ел Команданте“ уште две години на клупата на ПСЖ

Слободен печат

Барсагејт: Бартомеу пуштен од притвор

Слободен печат

Вајда ќе биде покрај Ѓоковиќ на Роан Гарос

Слободен печат

Мерцедес го претстави шампионскиот болид за новата сезона

Слободен печат

Остави Коментар