ВИДЕО | Софија Ристевска: Министерството за култура да не дозволи да замре битолскиот „Интимен театар“ поради пандемијата

Режисерката Софија Ристевска, основачка на „Интимен театар“ кој десетина години функционира во Битола, апелира до Министерството за култура и другите надлежни институции да не се дозволи замирање на театарот поради кризата со пандемијата.

„Интимен театар од 2013 година работи во просторот на еден мал хотел во Битола кој ни отстапи 100 метри квадратни за театарот и додека хотелот работеше и имаше клиенти и бизнисот беше економски силен, ние немавме никаков проблем, вратите да бидат отворени, постојано да имаме активности и да имаме продукција. Исто така, просторот бесплатно сме го давале на уметниците од нашиот град за нивни проекти.

„Интимен театар“ нема добиено грант од Министерството за култура во последните четири години и јас немаше да реагирам така активно и видливо доколку не беше корона кризата, која многу силно го погоди нашио модел на дејствување. Хотелот како и многу мали бизниси во моментов е економски мртов, но бидејќи е фирма, од пакетот мерки си зема за своите вработени минимални плати, никој не е отпуштен, но нема обрт на финансии, нема приходи. Така станува практично невозможно да се користи просторот кадешто досега работевме затоа што тоа подразбира греење, струја, вода и други трошоци кои хотелот веќе не може да ги исплаќа.

Оттука се појави кај мене страв: што ако и оваа година Министрството за култура не ни даде финасии? Тоа би значело да замре нашиот театар. Не би сакала тоа да се случи затоа што Интимен театар долго време живее и во Битола сме единствената културна организација кои работиме според овој модел кога приватниот бизнис влева средства во независниот кулурен сектор и мислам дека и понатаму може да се развива и за други организации“, вели за Утрински брифинг Софија Ристевска, режисерка и основачка на „Интимент театар“ во Битола.

Таа додава дека театарот на својата сцена поставува професионално продуцирани претстави,има младинска сцена, а го истакна и театарскиот проект со жени болни од рак на дојка во којшто терапевтски се дејствува против последиците од оваа болест.

софија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот