ВИДЕО: Со вулгарен тон Додик му порача на американскиот пратеник Габриел Ескобар: Не ми е грижа за санкциите, јас го поминав тоа

Претседател на СНСД и член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, покажа преписка од вчерашниот разговор со заменик -помошникот државен секретар за Западен Балкан, Габриел Ескобар,

Додик прочита од транскриптот во кој е наведено што му порачал односно заканил  Ескобар:

„Морам да ви кажам дека се предвидени нови санкции против Балканот не само за оние кои политички го попречуваат напредокот, туку и за оние кои имаат корист од тоа попречувае“, му порачал американскиот државен под сeкеретар на Додик

Додик изјави дека не може јавно да каже што одговорил затоа што не сака „тој збор да го користи јавно“, па затоа покажа што е напишано на транскриптот.

На транскриптот реченицата почнува со вулгарност и продолжува:

„ Не ми е грижа за санкциите. Сум го поминал тоа порано. Ако сакаш да разговараш со мене, не ми се заканувај “, пишува во транскриптот кој го покажа Додик

 

Додик рече дека тоа секогаш ќе биде негов одговор во лични разговори со сите што мислат дека можат да се заканат со санкции.

„Одговорив многу прецизно и јасно“, рече Додик алудирајќи на вулгарноста со која ја започнал реченицата како одговор на заканите за санкции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот