ВИДЕО: Со враќањето на Јокиќ се вратија и победите за Денвер

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Денвер нагетс ја прекинаа серијата од шест порази откако утринава со 120:111 го совладаа Мајами хит.

Најзаслужен за триумфот на Денвер беше Никоја Јокиќ кој се врати на терените по паузата од четири натпревари поради повреда на скочниот зглоб. Јокиќ натпреварот во Мајами го заврши со 24 поени, 15 скокови и седум асистенции.

Навивачите на Мајами го исвиркуваа секој допир на Јокиќ со топката поради инцидентот од последниот меѓусебен дуел на овие две екипи кога центарот на Денвер го удри играчот на „жешките“, Маркиф Морис.
Кај Мајами се истакна Бем Адебајо со 24 поени и 13 скокови.

Далас маверикс загуби од Кливленд со 114:96 иако Лука Дончиќ одигра одличен натпревар и оствари трипл-дабл. Дончиќ оствари учинок од 25 поени по 10 скокови и асистенции, но немаше расположени соиграчи.


На спротивната страна, Џерет Ален беше најпрецизен со 28 поени и 14 скокови, а Лаури Марканен постигна 24 поени.

Јонас Валанчиунас го одигра натпреварот на кариерата во победата на неговиот Њу Орлеанс од 123:104 над ЛА Клиперс. Валанчиунас постигна 39 поени и имаше 15 скокови, а погоди дури седум тројки.


Никола Вучевиќ го предводеше Чикаго со триумф над Шарлот од 130:119. Вучевиќ имаше дабл-дабл од 30 поени и 14 скокови, а добра партија имаше и Демар Дерозан со 28 поени.


Резултати:
Филаделфија – Орландо 101:96
Мајами – Денвер 111:120
Чикаго – Шарлот 133:119
Хјустон – Оклахома 102:89
Минесота – Индијана 100:98
Далас – Кливленд 96:114
Сан Антонио – Вашингтон 116:99
Јута – Портланд 129:107
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 104:123

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот