ВИДЕО | Со помош на вештачка интелигенција откриен рак на дојка четири години пред болеста да се развие

Фото: Принтскрин / Фејсбук

Унгарските лекари користат вештачка интелигенција за да откријат рак на дојка четири години пред болеста да се развие. Вештачката интелигенција ги гледа местата што лекарите не се во можност да ги видат и го открива ризикот од развој на рак, велат лекарите вклучени во програматa.

Рак на дојка
Рак на дојка / Фото: Pexels/Anna Tarazevich

Процесот се нарекува детектирање со компјутерска помош, а со помош на вештачка интелигенција на мамограмите може да се забележат местата каде постои ризик да се развие рак.

Фото: Pexels/Anna Tarazevich

Според пишувањата во некои од светските медиуми, тимот лекари забележале дека на истите места што биле одбележани од компјутерот, неколку години подоцна кај пациентите се развивал рак.

Така кај една пациентка бил откриен рак 4 години пред да се развие.

Станува збор за места што не можат да бидат откриени од лекарите, а по нивното рано откривање медицинските лица утврдуваат кои дополнителни тестови треба да се направат за пациентите да обезбедат потребна превенција од натамошно развивање на болеста.

„Оваа технологија може да погледне подобро на мамограмите и да ги идентификува неправилностите во одредени делови што лекарите би сакале да ги испитаат подетално. Ова се нарекува детектирање со компјутерска поддршка и за првпат почна да се применува во 90-тите години, но технологијата се подобрува. Постојат голем број промени што ги гледаме. Има промени што не се тумори. Не можете на секој пациент што направил мамограм дополнително да му направите и биопсија. Оваа технологија им помага на пациентите да го откријат ризикот“, вели докторот Лари Нортон за Си-Ен-Ен“.

Унгарија како земја има напредна програма за тестирање на рак на дојка врз пациентите, а годишно се спроведуваат околу 35.000 тестирања

Видеото може да го погледнете ТУКА.

ФОТО+ВИДЕО | Силна жена: Лила Филиповска се појави на Саемот за венчавки по исповедта за борбата со ракот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот