ВИДЕО | Снимки од соблекувалната: Како Ренар ги мотивираше фудбалерите на Саудиска Арабија

Фото: Screenshot

Саудиска Арабија направи вистинска сензација на Светското првенство откако ја победи Аргентина со 2:1, а по тој натпревар големи пофалби одат за селекторот Ерве Ренар.

Францускиот стратег е познат како успешен во работата со репрезентациите. Против Аргентина неговите фудбалери одиграа максимално пожртвувано и замислите кои тој ги имаше ги спроведоа на терен.

Два дена по натпреварот на социјалните мрежи се појавија снимки од соблекувалната од моментите кога Ренар ги мотивира фудбалерите на полувремето. Саудиска Арабија на паузата губеше со 1:0, а потоа направи пресврт во првите 10 минути од вториот дел.

Ренар зборува на англиски и има преведувач кој преведува на фудбалерите. Покрај тактичките инструкции, ги потсети дека мора да ги испочитуваат навивачите кои во Катар се дојдени за нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот