ВИДЕО: Снимка од апсењето на македонската банда крадци во Белград

Апсењето на група крадци од С. Македонија во Белград / фото: МВР на Србија/Јутјуб

Српската полиција објави снимка од денешното апсење на тричлена група Македонци кои ограбувале станови во Белград.

Како што соопшти полицијата, осомничените, на 23, 24 и 31-годишна возраст, во текот на ноември и декември годинава провалиле во станови и куќи на територијата на Белград од каде со специјален алат за отворање блиндирани врати украле пари, накит, часовници и други вредни предмети.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот