ВИДЕО: Смислила начин како да го натера сопругот да ја почувствува магијата на бременоста. Оваа жена насмеа илјадници луѓе ширум светот

Instagram
printskrin

Ако некогаш сте се обиделе да објасните какво искуство е бременоста на некој што не го доживеал тоа, веројатно ќе се согласите дека нема зборови со кои може да се опише како е кога, покрај тоа што тежите приближно 15 килограми повеќе, во вашиот стомак живее мало суштество кое немилосрдно удира по вашите ребра.

Поранешната олимпијка Шон Џонсон, која чека второ дете со нејзиниот сопруг Ендру Ист, смислила како живописно да му го долови чувстото на „блажена состојба“. Неговата реакција, одговори и забелешки беа пресмешни.

Шон објави две видеа, на првото покажува како прицврстува топка од приближно 6 килограми на стомакот на нејзиниот сопруг. Покрај тоа, таа истакна дека жените најчесто добиваат многу повеќе тежина за време на бременоста. Секако, секое тело е различно, така што има жени кои добиваат повеќе, но и такви кои добиваат значително помалку килограми во текот на бременоста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrew East (@andrewdeast)

„Веќе го чувствувам во горниот дел на грбот… И во долниот дел на грбот. Дали е ова половина од реалната тежина? Тоа е страшно. Моите мускули се веќе уморни, а не сме ни започнале. Ме боли стомакот. Се чувствувам раздразливо“, започна да набројува тој.

Кога заврши со прицврстувањето на топката со најлонска фолија, Шон фрли играчката на подот и го замоли сопругот да ја земе. Иако сметаше дека е подготвен да одговори на овој предизвик, Ендру брзо сфати зошто на бремените жени едноставно им е претешко кога ќе им падне нешто на подот…

Оваа симулација насмеа многумина, па затоа повеќето сакаа да добијат и продолжение и секако имаа билион идеи за тоа што следно да прави „бремениот“ Ендру.

Легни на грб и стани“; „Влези и излези од автомобилот“; „Облечи си ги чевлите“, беа само дел од предлозите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrew East (@andrewdeast)

Секако, во второто видео, му беа дадени некои од овие задачи. За почеток, неговата сопруга му нареди „да легне и да стане“. Тој се обиде да го направи тоа, но брзо сфати дека таквата навидум едноставна задача е попредизвикувачка отколку што изгледа. Покрај тоа, тој многу брзо заврши на подот покрај креветот.

Сепак, на крајот, самиот Ендру заклучи дека овој мал експеримент е добар затоа што така гради емпатија кон својата сопруга, пренесува „Shape“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот