ВИДЕО: Слушнете ја официјалната химна на Европското првенство

epa08300919 The UEFA EURO 2020 logo is pictured at the entrance of the UEFA Headquarters, in Nyon, Switzerland, 17 March 2020. The UEFA EURO 2020 has been postponed to 2021 amid the coronavirus COVID-19 pandemic, the Norwegian Football Association (NFF) announced on 17 March 2020. EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Сите со нетрпение го очекуваме почетокот на новото Европско првенство, а секако особено дебитантскиот настап на најдобрата македонска репрезентација.

Како што е познато ЕП ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули 2021 година, а ќе се игра во 11 градови: Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим, Санкт Петербург и Севиља.

Првиот меч на континенталниот собир е на 11 јуни на стадионот „Олимпико“ во Рим помеѓу Италија и Турција. Финалето е на 11 јули на стадионот „Вембли“ во Лондон.

УЕФА денеска ја објави официјалната химна на Европското првенство „We Are The People“ или преведено „Ние сме луѓето“.

Во изведба на Боно, The Edge и познатиот холандски диџеј и продуцент Мартин Гарикс, оваа песна претставува заедништво, особено во светло на сите предизвици со кои се соочи светот во последната една и пол година, а со акцент на посебноста на овој турнир, кој се игра за првпат низ цела Европа.

Презентацијата на песната беше организирана во Лондон, на големите екрани на култниот стадион „Вембли“.

– Фудбалот и музиката имаат моќ да ги зближат луѓето. Тие претставуваат страст и чувство, и нивното комбинирање ќе го продлабочи понатамошното прославување на навивачите на турнирот, како и достигнување до нова публика. Со ѕвездената постава што ја составивме за да ја создадеме официјалната музика на турнирот, сигурно ќе го направиме токму тоа – рече директорот за маркетинг на УЕФА, Гај-Лорен Епстајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот