ВИДЕО | Слушнете ја „Јаве или сон“, новата песна на „Ареа“

Фото: Промо

Новиот музички производ на „Ареа“ денеска напладне стаса до обожавателите на музиката на култниот рок-бенд. Новата песна насловена како „Јаве или сон“ ја доживеа својата премиера.

Фото: Промо

Видео записот за песната го режираше, снимаше и монтираше Александар Ристовски. Снимањето на „Јаве или сон“ се одвивало на локацијата старо училиште во село Кучково, Скопско, а во снимањето учествувале и голем број нивни пријатели како статисти.

Фото: Промо

Оваа песна ќе биде дел од новиот албум на „Ареа“, кој ќе биде промовиран деновиве.

Со новиот албум, бендот сака да одбележи еден убав јубилеј, 30 години битисување на македонската музичка сцена. „Ареа“, една од највпечатливите и најмаркантните групи во земјава, направи вистинска музичка револуција. Оттогаш сведочиме на бројни албуми и уште побројни хитови.

*Комерцијална објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот