ВИДЕО: Слушнете го долгоочекуваниот дует на Деми Ловато и Аријана Гранде

Instagram
Instagram

Деми Ловато штотуку го објави новиот албум „Dancing With The Devil… The Art Of Starting Over“, а една од песните Ловато ја изведува во дует со пејачката Аријана Гранде.

Песната која Деми ја изведува со Аријана го носи насловот „Met Him Last Night“.

Двете пејачки, кои се под раководната палка на „Скутер Браун“, неодамна ги здружија гласовите за потребите на оваа поп – песна. Според странските медиуми, двете пејачки наводно планираат да снимат и спот за песната.

Пред извесно време, Аријана објави видео својот инстаграм – профил каде може да се слушне нејзиниот вокал. Деми потоа го објави истото видео и додаде емоџи со ококорени очи.

Видео на денот