ВИДЕО: Словенските „антимаскери“ и „антиваксери“ се собраа во центарот на Љубљана: Мораме да одиме на скијање

Стотици Словенци кои не веруваат во препораките на здравствените работници и кои се сомневаат во постоењето на коронавирусот или во степенот на опасност од пандемијата, денес одржаа протест против мерките за заштита од вирусот.

Пахор им порача на Словенците: Вакцинирајте се против коронавирус

Откако денес премиерот Јанез Јанша објави дека од денес во земјата ќе има ново продолжување на рестриктивните мерки и најави дека тие би можеле да бидат продолжени и дека рестрикциите се продолжуваат до 22 јануари „антимаскерите“ и „антиваксерите“ масовно се собраа во центарот на Љубљана.

Епидемиолошките мерки во Словенија ќе бидат продолжени до 22 јануари

На улиците на словенечкиот главен град можеше да се забележи зголемено присуство на полицијата. Специјалци  го обезбедуваа собирот на Плоштадот на Републиката.

Демонстрантите, кои се противат на задолжителното носење заштитни маски и на препорачаното вакцинирање, извикуваа „Репресија“ и „Крадци“.

Исто така тие незадоволството го искажаа и извикувајќи: „Сите ние мораме да одиме на работа, мораме да спортуваме, да имаме дополнителни активности, мораме да одиме на скијање, мораме да одиме на многу места и тоа не смее да ни се забранува“, пренесе РТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот