ВИДЕО: Словенија подобра од Србија, шоу на Дончиќ и Јокиќ во Љубљана

Србија и Словенија се подготвуваат за настапот на Евробаскет 2022/Фото: Барбалич/kss.rs

Словенечката кошаркарска репрезентација во Љубљана во пријателски натпревар, како подготовка за Европското првенство, ја совлада репрезентацијата на Србија со резултат 97:92.

Салата „Стожице“ беше преполна, навивачите направија спектакуларна атмосфера, а на паркетот големите НБА ѕвезди се погрижија вистински да уживаат во кошарката.

Свое шоу имаа Лука Дончиќ (Словенија) и Никола Јокиќ (Србија) кои одиграа навистина феноменално и ја воодушевија публиката.

На овој меч се истакна Дончиќ, за 35 минути на паркетот, кошаркарот на Далас постигна 34 поени, имаше девет асистенции и пет скока.

Од друга страна, исто така Јокиќ брилјираше, МВП на НБА лигата за 33 минути имаше 26 поени, 12 скока и шест асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот