ВИДЕО: Славниот ловец на нацисти Симон Визентал ги знаел имињата на Бугарите што ги депортирале Евреите

Симон Визентал/ Фото: МИА

Во интервјуто тој одговара на прашањето дали е запознаен со идентитетот на бугарските офицери, кои учествувале во депортацијата на македонските Евреи.

Познатиот израелски „ловец на нацисти“ Симон Визентал, кој своевремено доживеа да биде претставен и на „големото платно“ во холивудска продукција, во 1986 година дал интервју за Радио Скопје.

Во интервјуто тој одговара на прашањето дали е запознаен со идентитетот на бугарските офицери, кои учествувале во депортацијата на македонските Евреи.

– На моите предавања низ целиот свет секогаш велам дека практично ниту едно семејство во Југославија, а исто така и во Полска, не останало без човечки жртви. А што се однесува до имињата на бугарските државници, вклучени во депортацијата на Евреите од Македонија, тие ми се познати. Имам пријател во бугарската Академија на науките и тој ми има испратено голем број на документи. Практично целата историја на Евреите што тие ја имаат во документацијата. Да, сето тоа ми е познато – изјавил тогаш Визентал.

Тој вели и дека еден од германските изведувачи на депортацијата, потоа се криел под лажно име во Сирија.

– Кога зборуваме за настаните во Македонија морам да спомнам уште нешто. Човекот кој ја водеше депортацијата на македонските Евреи, оние преку 8.000 Евреи во Треблинка, беше еден од луѓето на Ајхман – Алојз Брунер. Денеска тој живее во Сирија под лажно име Георг Фишер. Пред две години професорот Матковски (н.з. Александар Матковски) напиша мошне добра документарна книга за трагедијата на Евреите во Македонија. Сметам дека владата во Белград ќе почувствува оти е нивна должност да направат нешто. Пред неколку месеци владата во Грција бараше екстрадиција на Брунер. Не е дозволено човек кој има сторено такви злосторства да живее слободно – додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот