ВИДЕО | Славчо не греши: Утрово снег на Стража

Снег на Стража / Фото: Слободен печат

Под влијание на влажна и СТУДЕНА воздушна маса од север, денес и утре времето во Македонија ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег каде ќе се формира снежна покривка, понекаде со висина и од над 20 сантиметри, прогнозира Славчо Попоски.

Денес повремено снег ќе врне и на повисоките места и тоа особено на запад и на север, а снежната граница локално има услови да се спушти дури и под 1000 м.н.в. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 40 л/м2 воден талог.

Но, температурите нема да бидат премногу ниски викендот, а и врнежите од снег ќе стивнат.

Сепак, денес работите стојат вака (погледнете во видеото), како што јавува репортерската екипа на „Слободен печат“ која е на пат за Охрид.

 

 

Видео на денот