Славчо најавува облачно време со дожд и грмежи

Фото: Приватна архива

Денеска и утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и умерен ветер од западен правец кој повремено на некои места ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 14 до 17 степени.

Потоа во четврток и петок времето ќе биде претежно суво, додека нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд и снег на планините се очекува за време на викендот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот