ВИДЕО | „Слатка“ одмазда: Младоженец среде свадба откри дека невестата го изневерувала со кумот

Фото: Пекселс/ sergio-souza

Младоженец им се одмаздил на својата невеста и кумот кога за време на свадбениот говор драматично открил дека тие двајца имале афера, пишува „Дејли меил“ (Dailymail).

Во поткастот „The Unfiltered Bride“, планерите на венчавки Џорџина и Бет, и двете од Глостершир, зборувале за шокантна вистинска приказна во која е вмешан младоженец кој бил изневерен.

@the.unfiltered.bride

The WORST groom vows 🤢 #bridepodcast #theunfilteredbride #weddingchat #weddingsoftiktok #toptipswedding #wifey #podcastclips #bridefyp #weddingadvice #bridesmaids

♬ original sound – the.unfiltered.bride

Младоженецот неверството на својата сопруга им го открил на сите гости на свадбата, делејќи им фотографии од невестата и кумот „фатени“ на дело.

Џорџина рекла дека неговото семејство знаело за аферата цело време, но тој сакал да ја организира венчавката за невестата да мора да плати за целата храна.

Тие објавија дел од нивниот поткаст на Тик-ток, а видеото брзо собра повеќе од половина милион прегледи.

На поткастот Џорџина изјавила: „Имам уште една приказна да ви раскажам. Не можам да ви кажам кој ми кажа, бидејќи навистина не ми е дозволено да ја раскажам приказната, но сепак јас ќе ви ја раскажам.

Имаше свадба и тие ја направија свадбата, младоженецот и невестата, се венчаа, прекрасна церемонија, дочек, свадбен појадок, јадеа, и држеа говори после јадењето.

По таткото на невестата, станува младоженецот и вели: ‘Пред правилно да започнам, доаѓаат неколку пликови за сите. Ако можете сите да ги отворите. Да тоа се фотографии од невестата и кумот кои имаат секс, па сега јас ќе си одам’.

Го фрли микрофонот и тој и целото негово семејство си заминаа, за невестата да мора да плати за храната“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот