ВИДЕО | Скопје на +40 степени

Скопје на +40/Фото: Методи Здравев

Скопје во жолта фаза на + 40. Скопјани по улиците секој со своја обврска. За дел високите температури не се пречка да не ги завршат планираните обврски. За други пак разладувањето во паркот е единствено решение.

Камерата на „Слободен печат“ утрово низ скопските улици забележа и колабирање предизвикано токму од високите температури. За среќа се добро заврши благодарение на Итната помош. На „Воениот базен“ преполно. Топлото време за најмладите причина да се разладат и да се рекреираат. Од јавните фонтани пијат и птиците и луѓето. За градежниците пак нема застој, се работи како и секој ден.

Како и да е топлото време ќе продолжи и во следните десетина дена. Ни останува само да наоѓаме начин да се разладиме со црево, под клима или на градскит базени. Во Градски парк езерцето не е за пливање.

 

Целото видео на колегата Методи Здравев погледнете го во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот