ВИДЕО: Скопје гори по успехот на фудбалерите

По победата на македонската фудбалска репрезентација на натпреварот против Грузија и пласманот на европското првенство граѓаните во главниот град слават.

Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување. Предводени од капитенот Горан Пандев, “црвено-жолтите” вечерва во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0.

Историскиот успех на фудбалерите се славеше низ цела Македонија, а очекувано најголема фешта имаше на улиците низ Скопје. Се славеше успехот на Мрме, Пандев, Елиф, Џани, Барди, Стоиле…

ВИДЕО: Струмица го слави успехот на фудбалерите и својот Гранде Пандев

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот