ВИДЕО: Скокна од „страв“ – екс играчот на Рома промовиран со лав во новиот клуб!

Костас Манолас промовиран како нов играч на Ал Шарја од ОАЕ/фото: Принтскрин/ Youtube/Víctor Posada

Интересна ситуација имаше репрезентативецот на Грција, Костас Манолас при неговата промоција во новиот клуб Ал Шарја од Обединетите Арапски Емирати.

Поранешниот играч на Рома и Наполи имаше фотосесија на теренот, додека покрај него имаше еден лав.

Во еден момент, додека Манолас беше на колена, на неколку метри зарикал лавот, што го исплашило Манолас.

Гркот веднаш стана, а останатите учесници на снимањето се обидуваа да го убедат дека ситуацијата е под контрола.

Покрај Наполи и Рома, Манолас во својата татковина настапуваше за АЕК и Олимпијакос. За репрезентацијата запиша вкупно 42 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот