ВИДЕО | Скерлев: Со именувањето на Сер Стјуарт Пич Британија сака да го зацврсти своето влијание на Балканот

Жанета Скерлев / Утрински брифинг
Жанета Скерлев / Утрински брифинг

Сега за сега нема реакции за именувањето на Сер Стјуарт Пич за новиот специјален пратеник за Западен Балкан и да бидам искрена многумина беа затекнати од ова именување на Стјуарт Пич, вели Жанета Скерлев за Утрински брифинг.

-На втор поглед кога човек ќе размисли и не е толку за изненадување, бидејќи очигледно Британија по Брегзитот и излегувањето од ЕУ, сака да го зацврсти своето влијание, таму каде што мисли дека треба да има свое влијание, вели таа.

-Инаку последен пат во медиумите Сер Стјуарт Пич се појави на 25.06.2021 кога со сите воени почести беше всушност пензиониран. Но тука пензионерите не се пензионираат кога ќе добијат пофалница, часовник итн, туку има уште работа за нив. Очигледно премиерот Борис Џонсон реши токму него да го испрати за специјален пратеник, изјави за Утрински брифинг новинарката Жанета Скерлев.

-Сер Стјуарт Пич беше советник за стратегија и воена политика во НАТО и последните години имаше огромна улога – претседаваше со еден комитет за разузнавачка политика на НАТО. Тој беше и во рамките на КФОР во 2000-2001, така што го познава регионот, додава таа.

-Во последните месеци се оддржаа неколку состаноци посветени на БиХ, така што смета дека БиХ и Косово ќе бидат главниот приоритет на Сер Стјуарт Пич, коментира Скерлев за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот